Дома Трансфер зона Арсенал испрати понуда, Рома кажа НЕ

Арсенал испрати понуда, Рома кажа НЕ

Рома на одбила првата понуда на Арсенал „тешка“ 32 милиони евра за турскиот репрезентативец Џенгиз Ундер, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последно време се посилни се гласините дека Арсенал покажува силен интерес за Ундер, но „волчицата“ не сака да се откаже од својот фудбалер за сума помала од 50 милиони евра.

На синоќешниот меч против Плзен скаути на „топџиите“ во живо го гледаа Ундер, кој одигра одлично и постигна гол.

Веднаш потоа Арсенал испратил официјална понуда „тешка“ 32 милиони евра, меѓутоа италијанскиот клуб експресно ја одбил.

Ундер оваа сезона има 5 гола и 5 асистенции, а се уште не е познато дали „топџиите“ во наредните денови ќе испратат нова, подобрена понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…