Македонскиот младински репрезентативец во бокс, Ардијан Аземи, со победа ги започна настапите на Европското првенство во Будва.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Аземи во категоријата 91 килограм со едногласна одлука на судиите го победи Јакуб Стражевски од Полска, следен противник на нашиот боксер е Хрватот Гацина Дује.
На Европското првенство во Будва, Македонија уште двајца претставници, браќата Илхан и Ајхан Озмен.
Во категоријата 64 кг, Илхан Озмен во второто коло ќе ги вкрсти ракавиците со подобриот од мечот меѓу Романецот Висентиу и Ерменецот Галустјан.
Ајхан Озмен во категоријата 75кг, за противник го доби Сантијаго Селимај од Албанија, оваа борба е на програмата во недела.