Дома Топ вести Аргентинските медиуми ја „ТРЕСАТ“ Барса – Меси сериозно размислува за заминување?!

Аргентинските медиуми ја „ТРЕСАТ“ Барса – Меси сериозно размислува за заминување?!

Иако во Барселона тврдат дека Меси веќе го продолжил договорот со клубот во кој настапува од 2000 година се појасно е дека Аргентинецот сеуште не потпишал.

Во јавноста немаше никаква церемонија, како што е вообичаено, посебно за фудбалерите од калибарот на Меси, немаше официјални фотографии, апсолутно ништо. Само ветувања од управата на Барселона дека се е во ред.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Но, од поодамна е јасно дека многу работи во Барселона не се во ред, посебно после заминувањето на Нејмар во ПСЖ, а после немирите во Каталонија и референдуамот за незвисност, наводно Меси е се по незадоволен.

Меси наводно на соиграчите од репрезентацијата им соопштил дека сериозно размислува за нов почеток во Манчестер Сити. Тешко му паднало заминувањето на Нејмар, но и не му се допаднала клупската визија на Ернесто Валверде, а како последно нешто што не му се допаднало на Аргентинецот е политичката ситуација, пренесуваат аргентинските медиуми.

Сити и Гвардиола веројатно чекаат само „знак“ од Меси, според последните информации „граѓаните“ се спремни да му понудат 45 милиони веднаш за потпишувањето на договорот и 27 милиони евра годишна плата.

Договорот на Меси истекува на лето што значи дека веќе на лето тој би можел да потпише пред договор со новиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…