Дома Фудбал Англија Аргентинец кој се развиваше во Франција и најскапото засилување во историјата на Кардиф – кој беше Емилијано Сала?

Аргентинец кој се развиваше во Франција и најскапото засилување во историјата на Кардиф – кој беше Емилијано Сала?

Денес целиот свет остана шокиран кога утрово се појави веста за исчезнатиот авион на најскапото засилување на Кардиф, Емилијано Сала.

Сала за викендот го комплетираше трансферот во редовите на Кардиф, но потоа се врати во Франција да се поздрави со фудбалерите и раководството на неговиот поранешен клуб, Нант.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот авион исчезна некаде на патот помеѓу Франција и Англија, истрагата е во тек и се чекаат нови информации.

Полицијата соопшти дека во истрагата се вклучени пет авиони и се пребарани 1.000 квадратни информации, но засега нема ниту трга, ниту глас од авионот.

Емилијано Сала е роден во Санта Фе, Аргентина, но со фудбалска репутација се стекна во Франција.

Оваа сезона блесна во полн сјај во дресот на Нант со што го натера Кардиф за него да плати 17 милиони евра. Во текот на целата своја кариера го носеше дресот на француски клубови.

Во неговата татковина го носеше дресот само на Клуб Пројекто Красер, меѓутоа неговиот професионален договор беше во Франција со Бордо.

Во Бордо пристигна во 2012 и се задржа три сезони, но во меѓувреме беше испраќан на позајмици на три позајмици (Орлеанс, Ниорт, Каен). За Нант потпиша во 2015 година и од тој момент одигра 117 натпревари и постигна 42 погодоци.

Овој преоден рок скоро половина Премиер лига се интересираше за Салах: Вест Хем, Еверон, Лестер, Кристал Палас, Фулам, Саутемптон…Се клубови кои сакаа да го видат во своите редовие. Сепак, на крајот трката ја доби Кардиф.

Кога пристигна во Кардиф изјави:

„Ми претставува голема чест што ќе играм во овој клуб. Со нетрпение чекам да ги запознаам моите нови соиграчи и да започнам со тренинзи“.

Неговото последното огласување беше преку Твитер и сега од оваа ситуација изгледа навистина морничаво…

„Последен поздрав“, напиша Сала на фотографијата со бившите соиграчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…