Дома Фудбал Останато Анчелоти ја коментираше изјавата на Фиго: Фудбалерите тоа веднаш би го прифатиле

Анчелоти ја коментираше изјавата на Фиго: Фудбалерите тоа веднаш би го прифатиле

Една од главните теми во фудбалскиот свет во изминатиот период е густиот распоред на кој играчите често се жалат.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На оваа тема зборуваше јавно и легендарниот Луис Фиго кој им порача на фудбалерите дека ако играат помалку, мора да добиваат и помалку пари. (ТУКА).

Сега на неговата изјава реагираше тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кој вели дека фудбалерите би прифатиле таков предлог.

„Ќе го повторам тоа што веќе го кажав. Фудбалот мора да забави, погледнете што се случува, се игра премногу. Играчите мораат да играат помалку за да избегнат повреди, нема да имаат проблем ако им се намалат и платите“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …