Дома Трансфер зона Анчелоти носи големо засилување од Интер

Анчелоти носи големо засилување од Интер

Одбранбениот фудбалер на Интер, Диего Годин после само една година во Милано би можел да ги напушти „Нероаѕурите“.

Англиските медиуми пренесуваат дека Евертон покажува сериозен интерес за Уругваецот и веќе стапил во контакт со неговиот агент.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Искусниот дефанзивец пред доаѓањето во Интер го носеше дресот на Атлетико Мадрид и во 2014 година ја освои Ла Лига со „јорганџиите“.

Уругваецот има договор со Интер до 30 јуни 2022 година, но Конте не е задоволен од него и е спремен да го пушти да замине.

Анчелоти наводно лично го контактирал Годин и го убедил да ја прифати понудата од Евертон, па се очекува ова лето да се реализира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Леверкузен

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пр…