Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти откри како би гласал за „Златната топка“, доколку имеш можност тој да избира.
Вчера „Златната топка“ ја доби Лионел Меси, а Анчелоти нема дилема, за него најдобриот е Карим Бензема, кој во официјалниот избор заврши на четвртото место.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Дали Меси е најдобриот? Јас сум во Реал Мадрид и би гласал само за моите играчи. За мене прв избор е Бензема, Винисисус на второ место, Куртоа на трето, па Каземиро, Крос, Камавинга итн. Секој има свое мислење кој е најдобар, јас го кажав моето: Карим“, изјави Анчелоти.
„Меѓутоа Меси ја освои наградата и тој несомнено е голем фудбалер. За играчите индивидуалните награди за важни, тие се мотивација. Но штом Бензема не ја освои, не ме интересира кој друг ќе ја добие“, додаде Италијанецот.