Дома Фудбал Анчелоти го изостави Милитао без објаснување

Анчелоти го изостави Милитао без објаснување

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Едер Милитао не беше вклучен во групата на тимот за утрешното гостување кај Мајорка во Ла Лига.

Од клубот не сакаја да ја откријат причината за таквата одлука. По принцип Бразилецот е здрав и се очекуваше да игра против Мајорка.

Една од причините е затоа што Милитао „виси“ со жолти картони и при добивање на нов картон ќе го пропушти дербито со Барселона следниот викенд.

Медиумите не исклучуваат и Бразилецот да добил позитивен тест на коронавирус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден удар, гол и четвртфинале: Нкетија го реши Фулам

Кристал Палас славеше со 1-0 на „Крејвен Котиџ“, а покрај стрелецот Нкетија, клучен беше и…