Легендарниот Италијанец уште еднаш би можел да го промени мислењето.
Според информациите на експертот за трансфери Џанлука Ди Марцио, Антонио Касано одлучил да му се врати на фудбалот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој 35 годишен фудбалер пред околу една година донесе одлука да се повлече, тоа беше на 18 јули 2017 година кога со изјава дека сака да поминува повеќе време со семејството стави крај на фудбалската кариера.
Веќе истиот ден се премисли и излезе со нова изјава дека со нетрпение чека да го облече дресот на Верона со која беше под договор, за само шест дена подоцна да се врати на првобитната одлука и да се повлече од активното играње фудбал.
Од крајот на јули минатата година е без клуб, Верона го раскина договорот со него, но Касано повторно го шокираше фудбалскиот свет и изјави дека не завршил со активното играње фудбал, како и дека до септември ќе се обиде да пронајде нов клуб.
Со оглед на тоа дека се уште е без клуб изгледа не успеал да пронајде соодветен ангжаман и се до денешната информација немаше никакви најави дека би можел да се врати на теренот.
Како што споменавме Ди Марцио пренесува дека фудбалерот е во контакт со Парма каде што настапуваше од 2013 до 2015 година.
Да потсетиме, Парма од наредната сезона повторно ќе ја гледаме помеѓу најдобрите италијански клубови во Серија А.
#Calciomercato | Antonio #Cassano ha ancora voglia di giocare. E il #Parma ci pensa… ⬇https://t.co/QIqMFkxtPd
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 11, 2018