Претседателот на Кошаркарска федерација Перо Антиќ во изминатите години многу често беше напаѓан за промената на името на федерацијата и додавањето на „северна“. Сега Антиќ тврди дека таа промена била направена од неговиот претходник Петар Наумовски.
Во гостувањето на една локална телевизија, Антиќ за првпат јавно зборуваше на оваа тема префрлајќи ја вината на Наумовски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Од дневниот ред добро се гледа дека како шеста точка на Собранието е носење одлука за промена на називот на Федерацијата. Во тие моменти, Собранието го води тогашниот претседател Петар Наумоски.
Мојот избор за претседател е дури деветта точка откако претходно беше констатиран престанок на функцијата на мојот претходник. Петар Наумоски, на тоа Собраниа а делегатите добро знаат и се сеќаваат, појасни дека законска обврска на сите спортски федерации е да направат промена на називот.
По препорака на Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет даден е предлог за полн и скратен назив на федерацијата. Називот на Здружението на граѓани е Кошаркарската федерација на Северна Македонија. Скратено име е КФСМ. Ваквиот предлог беше усвоен со 27 гласа ЗА“, зборува Антиќ.
Кошаркарската федерација, инаку е една од ретките кои го променија името, поголем број федерации си ги задржија имињата.