Дома Трансфер зона Ансу Фати: Каков ПСЖ? Сакам цела кариера да ја помина во Барселона!

Ансу Фати: Каков ПСЖ? Сакам цела кариера да ја помина во Барселона!

Фудбалерот на Барселона Ансу Фати се поврзуваше со заминување од Каталонија, а како една од опциите се споменуваше тимот на ПСЖ. Сепак тој истакна дека негова желба е цела кариера да ја помине во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Очекувањата се Фати во иднина да биде еден од столбовите во играта на Барселона, меѓутоа повредите во последниот период се причина што не може да врзе повеќе натпревари во континуитет.

Новинарите го запршаа Фати за интересот од страна на ПСЖ.

„ПСЖ сака да ме доведе? Не знам ништо за тоа, тоа се работи кои ги следат моите родители и агнетот. Јас од почетокот им кажав дека мојата желба е да останам во Барселона и сакам тука да ја поминам целата кариера“, изјави Фати.

19-годишниот Фати има договор со Барселона до 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…