Дома Фудбал Останато Анри: Како да му кажам на Обамејанг да остане кога јас не останав?

Анри: Како да му кажам на Обамејанг да остане кога јас не останав?

Во последно време многу се шпекулира дека Габонецот Пјер Емерик Обамејанг ќе го напушти Арсенал ова лето.

Поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд влегува во последната година од договорот и наводно размислува за промена на средината. На таа тема „Скај Спорт“ зборуваше со еден од најголемите играчи во историјата на Арсенал, Тиери Анри.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Анри порача дека не би можел тој да го советува Обамејанг да остане кога тој кога го играше најдобриот фудбал премина во Барселона.

„Сите ќе го направат она што мислат дека е најдобро за нив. Како можам јас да му кажам на Обамејанг да остане, кога јас заминав? Некои работи едноставно се случуваат, но тоа не ја намалува љубовта која ја имате кон одредено место. Како фан на Арсенал се надевам дека ќе остане, но како фудбалер можам да кажам дека тој ќе разговара со неговото семејство и ќе одлучи што е најдобро за него. Ако си навивач на Арсенал не сакаш да замине, но ние не знаеме што размислува“.

„Единствено што можам да го кажам е дека ќе ми недостасуваат неговите голови ако замине. Ги почитувам луѓето кои имаат свои соништа. Ќе видиме што ќе се случи, можеби ќе остане“, порача најдобриот стрелец во историјата на Арсенал.

Обамејанг во Арсенал дојде во 2018 година. До прекинот на сезоната Обамејанг настапи на 32 натпревари и постигна 20 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…