Дома Топ вести Андре Гомеш е „мамецот“ со кој Барса ќе го „улови“ Кутињо

Андре Гомеш е „мамецот“ со кој Барса ќе го „улови“ Кутињо

Прашањето е колку би бил паметен потег за Црвените.

Почна насилно во Барселона, бидејќи во Филипе Кутињо го гледаат едниот од природните наследници на Нејмар. Познато е одамна дека Бразилецот е првиот пик на каталонскиот гигант. Но првата понуда, од 70 милиони евра, плус 10 милиони премии, веднаш беше одбиена. „Црвените“ инсистираат на откупната цена од околку 100 милиони евра. Не е ни до парите, ако си замине Кутињо, како некогаш Луис Суарез, ќе биде многу тешко да се надокнади.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Затоа Барселона ќе се обиде да му понуди на Ливерпул нешто и играчки, а не само финансиски, иако големо е прашањето дали оваа понуда навистина е толку дарежлива или Барса сака да ги „измами“ Англичаните, така што ќе им го понудад Андре Гомеш.

Добар играч, без сомнение, но неговата прва сезона во Барса никого не убеди дека е топ класа. Вистина, нема клуб во кој тешко е да се одигра првата сезона. Освен ако не се викаш Нејмар или Луис Суарез. И тоа е разликата помеѓу најголемите и Гомеш.

Кутињо е тој кој ја прави разликата во Ливерпул, а ако си замине големо е прашањето дали Јирген Клоп ќе може на трансфер пазарот да пронајде друг играч кој е приближно до тоа ниво. „Црвените“ едноставно не се толку резултатски стабилни, па играчите се собираат на „Енфилд“. Старите добри времиња се избледени во меморијата, Ливерпул повеќе не е редовен учесник во ЛШ.

Затоа и не е чудно тоа што ставот на Клоп е јасен: Кутињо не може да оди! Но, нема клуб на светот каде што се прашува само тренерот. Луѓето во оделата размислуваат и за паричен аспект, а колку и сумите во фудбалскиот свет ги надминаа границите, тешко е да се одбие. Уште ако пристигне и Андре Гомеш, за на навивачите да им прави илузија за тоа дека екипата нема да страда на теренот…

Делегацијата на Барса повторно ќе патува за Англија за да се плетка во пулсот на „Црвените“. Ако не помине понудата за Гомеш, ќе се обидат и со Рафиња. Во Лондон е и агентот на Гомеш, Џулијано Бертолучи. Дали Ливерпул ќе наседне? И ако е така, дали Гомеш ќе покаже дека не се во право сите оние кои го омаложуваат откако пристигна на стадионот „Камп Ноу“. А многу ги има.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Алегри си најде алиби: Јавно „удри“ по тројца играчи на Јувентус!

Се поверојатно изгледа дека Масилијано Алегри наредната сезона нема да биде тренер на Јуве…