Дома Фудбал Англија Англиските медиуми: Во Јунајтед владее хаос, Роналдо ја смирувал ситуацијата

Англиските медиуми: Во Јунајтед владее хаос, Роналдо ја смирувал ситуацијата

Медиумите во Манчестер пишуваат дека Кристиано Роналдо се обидува да ги држи сложни соиграчите за време на големата криза во Манчестер Јунајтед.

Ливерпул го разби Јунајтед со 5:0 во неделата, а играчите наводно изгубиле доверба во менаџерот Оле Гунар Солскјер. Англичаните додаваат дека улогата на Роналдо е клучна во овие моменти. Португалецот ги советувал соиграчите да не губат верба во тактиката на Солскјер и да останат смирени се до евентуелната промена на менаџер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изборите на Солскјер ги збуниле играчите уште на почетокот од сезоната. Така чуден бил потегот со Даниел Џејмс кој беше во стартниот состав, па за неколку дена се продаде на Лидс за 27 милиони евра. Играчите биле изненадени и од составот за Ливерпул и не им е јасно зошто Лингард кој е во добра форма не добива повеќе минути. Тука и Дони Ван Де Бек за кого тие сметаат дека е одличен на тренинзите, но кај Солскјер воопшто не игра, играчот за врска одигра само пет минути оваа сезона во Премиер лигата.

Се пишува и за проблеми во управата. Извршниот директор Ед Вудворд минатиот месец изјави дека е апсолутно сигурен во успех под водство на Солскјер, додека извршниот директор Ричард Арнолд порача дека Солскјер направил фантастичен успех. Вудворд беше присутен само на неколку натпревари минатата сезона, Арнолд секогаш е во ложата затоа што се очекува да го замени Вудворд на позицијата извшрен потпретседател. Вудворд поднесе оставка уште пред неколку месеци после распадот на Суперлигата, но Јунајтед не потврди кога ќе замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…