Дома Фудбал Англиските легенди за најновата спорна ситуација: Зошто ни е ВАР кога не се користи? (ВИДЕО)

Англиските легенди за најновата спорна ситуација: Зошто ни е ВАР кога не се користи? (ВИДЕО)

Фудбалерите на Тотенхем и Вотфорд ремизираа 1:1, но тој резултат можеше да биде поинаков ако главниот судија досудеше пенал за Вотфорд во финишот на полувремето.

За употребата на ВАР во Англија сега зборуваа легендите на англискиот фудбал – Алан Ширер и Фил Невил.

Снимката од спорната ситуација од лондонското дерби не остава дилема дали Вертонген го удри Делофеу, но од ВАР собата сметаа дека тоа не е доволно за пенал.

„Сите ние сакаме ВАР во Премиер лигата правилно да се користи, но не се користи кога е потребно. Навистина никако не можам да разберам зошто е одбиена идејата судијата да ја погледне снимката. Зошто имаме екрани покрај теренот ако судијата не ги користи?“, запраша Ширер.

„ВАР одлично се користеше на машкото и женското Светско првенства. За разлика од таму во Англија имаме хаос и ситуацијата мора да се среди затоа што ни е неопходен“, додаде Фил Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кратко траеше радоста на Акрон: Балтика му зададе нов удар на Благојевиќ

Акрон загуби со 2:1 на гостувањето кај Балтика и остана непосредно над бараж-зоната. Асист…