Дома Фудбал Англиските клубови перфектни во Лига на шампиони

Англиските клубови перфектни во Лига на шампиони

Англиските клубови имаа перфектна седмица во Лигата на шампиони.

Четирите преставници во најеминентното натпреварување запишаа победи и тоа без да примат гол. Така нивната гол разлика во второто коло од ЛШ беше 14-0.

Во вторникот Ливерпул го победи Митиланд со 2:0, додека Манчестер Сити славеше на гостувањето кај Марсеј со 3:0.

Вчера Челзи беше убедлив на гостувањето кај Краснодар со 4:0, а највисоката победа ја запиша Манчестер Јунајтед над Лајпциг со 5:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста на Чаир, Пелистер чека кикс на лидерот

Охрид влегува во десеттото коло со бод повеќе од Пелистер и гостување кај Шкупи, кој сè уш…