Англиските медиуми пренесуваат дека три англиски гиганти се силно заинтересирани за младиот стопер на Порто, Диего Леите.
Ливерпул веќе подолго време ги следи настапите на 19-годишниот Леите, но ќе има конкуренција во Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Младиот дефанзивец важи за еден од најперспективните, па англиските гиганти сакаат да го донесат во своите редови уште ова лето, иако играчот оваа сезона настапуваше за Порто Б.
Леите во договорот со „змејовите“ има откупна клаузула од 15 милиони евра, сума која нема да биде проблем за споменатите клубови.
Порто сака да го задржи во своите редови и веќе му понуди нов договор, но неговиот менаџер веќе е во контакт со споменатите клубови.