Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски убеден во победа над Летонија: Допрва ќе го видите најдоброто од овие фудбалери!

Ангеловски убеден во победа над Летонија: Допрва ќе го видите најдоброто од овие фудбалери!

Селекторот на македонскиот национален тим Игор Ангеловски, очекува утре без поголеми проблеми три бода против Летонија на стартот од квалификациите за ЕУРО 2020.

Во овие квалификации не чекаат потешки противници споредено со Лигата на нации, но подготвени сме за секој противник. Веќе го знам и составот со кој ќе настапиме против Летонија, сите 11, но тоа ќе го соопштам на фудбалерите пред утрешниот дуел. Како што реков, верувам во овие момци со кои е чест да се работи и и допрва од нив ги очекувам најдобрите натпревари“, истакна Ангеловски.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Најсилното оружје на Летонија се прекините и тие воздушни дуели, и мора да внимаваме на тие сегменти. Постојат и слабости, и се надевам дека ќе ги искористиме. Убеден сум дека доколку фудбалерите одиграат во рамките на своите можности без поголеми проблеми ќе стигнеме до победата против Летонија“, заклучи селекторот на нашиот национален тим.

Натпреварот меѓу Македонија и Летонија се игра в четврток од 20:45 часот, на Националната Арена „Филип Втори“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…