Дома Македонски спорт Ангеловски по ждребот: Противниците не се атрактивни, целта е прво место!

Ангеловски по ждребот: Противниците не се атрактивни, целта е прво место!

Македонија денес ги доби противниците во новата сезона во Лигата на Нации и ќе игра против Естонија, Ерменија и Грузија.

Во овој момент Македонија ја очекува баражот против Косово и тоа е во прв план кај селекторот Игор Ангеловски, но сепак ја прокоментира и групата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Искрено, во овој момент мислиме само на Косово. Но кога веќе ги добивме противниците за новата Лига на Нации согласно нашиот кваитет и прикажана игра целта е иста иста – прво место во групата. Во последните квалификации покажавме дека рамноправно можеме да се носиме со секој противник. Одиме да го освоиме првото место во групата. Противниците не се атрактивни, меѓутоа сигурно поседуваат квалитет“, изјави Ангеловски после ждребот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…