Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Остваривме се што планиравме, можеме да го победиме Косово

Ангеловски: Остваривме се што планиравме, можеме да го победиме Косово

Селекторот Игор Ангеловски ја презеде нашата фудбалска селекција пред четири години и го оствари најголемиот успех во едни квалификации.

Со него на кормилото Македонија значајно напредуваше за ФИФА ранг листата, а има можност и преку Лигата на нации да стигне до историски пласман на Европско првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ангеловски во интервју за „Фокус“ меѓу другото истакна дека имаме врвна селекција која може да оствари историски успех.

„Се  што планиравме, ние остваривме. Кажав дека ќе се направи тим склопен од младост и искуство, кој долги години ќе игра заедно. Среќен сум за резултатите, но заслугите одат кај фудбалерите… Ние за две ипол години успеавме да победуваме репрезентации од типот на Словенија, Израел и други селекции, кои во блиско минато беа над нашиот квалитет. Оваа е најдобрата репрезентација во историјата, но уште ништо големо не сме направиле“, истакна Ангеловски кој верува дека можеме да го победиме Косово и да се пласираме во финалето од Лигата на нации.

„Ќе почнеме веќе детално да ја анализираме селекцијата на Косово. Според прикажаното во квалификациите, се работи за добар противник, но јас верувам во своите фудбалери. Играме на домашен терен, така што очекувам полн стадион и голема поддршка од трибините и сите заедно да прославиме една победа која ќе не пласира во финалето. Ако тој натпревар го одиграме како сите претходно во овој циклус, мислам дека нема да имаме проблеми за да стасаме до финалето“.

Ангеловски одлично го познава Елиф Елмас уште од времето кога работеше во Работнички и верува дека за неколку години може да ја освои „Златната топка“.

„Ако тој натпревар го одиграме како сите претходно во овој циклус, мислам дека нема да имаме проблеми за да стасаме до финалето… За наша среќа, за две години добивме фудбалер кој е во Наполи. Јас знам а и тој верува дека еден ден ќе биде во Реал Мадрид и ќе ја освои Златната топка. Јас само му посакувам да успее во тоа“, заклучи Ангеловски.

Целосното интервју на селекторот може да го прочитате на „Фокус.мк“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…