Дома Македонски спорт Ангеловски: Ова е натпревар кој го чекаме 30 години!

Ангеловски: Ова е натпревар кој го чекаме 30 години!

Денес прес-конференција пред натпреварот со Косово одржаа селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев.

Селекторот Игор Ангеловски истакна дека во припремите биле сконцентрирани на нашата игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако во нешто сум сигурен, тоа е дека нашите момци утре ќе ги видите во максимално издание, овој натпревар го чекаме 30 години. Нормално е дека е чудно да се игра во вакви услови, но тоа не е по ничија вина, мораме да се прилагодуваме. Сите сакавме да се игра пред полн стадион, тоа сигурно ќе беше предност за нас како домаќини“,

„Ова е финале пред финале и знаеме дека нијанси може да одлучуваат, тоа се случува во вакви натпревари. Утре е важно покрај желбата да останеме мирни и да го одиграме она што сме се договориле. Се надевам дека тие нијанси ќе бидат во наша корист“.

„Тоа што ќе се бориме за Европското првенство не е за нас притисок тоа мотив да го дадеме најдоброто до сега. Јас добро знам што можат фудбалерите и не сум песимист. Ние сме сконцентрирани на нашата игра без разлика со кого сме играле, секогаш било така, така ќе биде и овој пат“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Италијанците го откриле новиот клуб на Димитријевиќ: Потпишува на три години!?

Во текот вчерашниот ден се појави информација дека два италијански и турски гигант покажув…