Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Австрија со 2:1, но селекторот Ангеловски им даде шанса на неколку млади фудбалери.
Ангеловски поради повреди и жолти картони мораше да менува во составот и шанса му даде на неколку дебитанти и фудбалери со помала минутажа, а после мечот беше задоволен од нивниот настап.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Одигравме квалитетен натпревар. Австрија доминираше во првиот дел, а ние дозволивме да примиме погодок кој во никој случај не смеевме да го примиме на тој начин. Во вториот дел се ослободивме од притисокот, бевме подобри од противникот, а потоа направивме две-три шанси за гол. Влатко Стојановски ја оправда шансата која што ја доби, а тоа беше случајот и со останатите дебитанти“, изјави Ангеловски.
Младиот напаѓач на Олимпик Ним, Стојановски дебитираше за репрезентацијата и веќе на првиот натпревар постигна гол.