Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски го објави списокот за дуелите со Полска и Словенија

Ангеловски го објави списокот за дуелите со Полска и Словенија

Селекторот Игор Ангеловски повика 23 фудбалери за претстојните настапи на македонската репрезентација против Словенија и Полска во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Меѓу нив е неизвесен до последен момент е само повредениот Енис Барди додека Езџан Алиоски ќе биде опција само за реваншот со Полјаците поради акумулкирани жолти картони.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На листата се најде и Стефан Ристовски од Спортинг, кој со месеци беше надвор поради повреда, а од претходниот собир, единствено ќе го нема Кире Маркоски.

„Имаме измена во одбраната. За жал, Велковски има повреда која не дава можност да биде тука. Бејтулаи не игра во првиот меч, а до последен момент ќе се надеваме за Барди, иако првите најави не се добри“

Верувам дека тимот ќе го издржи целиот товар, и дека против Словенија ќе одиграме најдобро. Ќе дадеме се од себе, и сакам да уживаме бидејќи сами се изборивме да бидеме во една ваква ситуација да се бориме за пласман на ЕП“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…