Дома Фудбал Ангеловски: Беше тешко да се игра во вакви услови, Пандев не беше спремен

Ангеловски: Беше тешко да се игра во вакви услови, Пандев не беше спремен

По натпреварот селекторот Игор Ангеловски одржа прес-конференција на која ги објасни своите одлуки на денешниот натпревар.

„Беше навистина тешко да се игра во вакви услови. Мене ми криво што некој не размислуваше и што одреди да се игра од 15:000 часот, па уште ни намалија измени (од 5 на 3). Со оваа одлука не се мислеше на фудбалерите“.

„Во вакви услови после 2:0 немаше потреба да притискаме повеќе и свесно ја препуштивме средината на теренот“.

„За тоа кој ќе игра одлучуваа нијанси. Дамјан Шишковски доби предност зошто бранеше редовно. Горан не беше спремен, зад себе има само 4-5 тренинзи и се договоривме да одигра 30 минути. Немаше потреба да се ризикува повеќе“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мрежите мируваа во Рен: Олимпијакос остана без четврта победа

Рен и Олимпијакос одиграа 0-0 во Лигата на Европа. Гостите имаа повеќе посед и удари, но д…