Maнчестер Сити вчера убедливо го победи Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите со 3:0 и така направи голем чекор кон полуфиналето.
Сити славеше со головите на Родри во 27-та, Бернардо Силва во 70-тата и Халанд во 76-та минута, но имаше и уште неколку одлични прилики во кои Зомер го спасуваше голот на баварците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Голот на Халанд беше негов 45-ти во сите натпреварувања со што стана рекордер за еден клуб во Премиер лигата, а сигурно дека тој рекорд до крајот на сезоната ќе биде и подобрен.
Пофални зборови за Халанд имаше фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис.
„Ерлинг ќе стане легенда. Невозможно е да чувате, не му можете ништо. Брз е, силен и многу паметен. Играв против него и во Бундеслигата, моето мислење за него не се променило“, порача Канаѓанецот.