Еден од најдобрите бекови во светот, Алфонсо Дејвис речиси сигурно следната година ќе го напушти Баерн Минхен.
Новиот спортски директор Макс Еберл во изјава за „Билд“ потврди дека Баерн ја испратил последната понуда до канадскиот репрезентативец и сега се чека одговорот на фудбалерот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанските медиуми сега потврдија дека Дејвис донел конечна одлука и сака кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, па одбил да го продолжи договорот со Баерн.
Баерн сега е подготвен да го продаде Дејвис на лето со цел да не си замине бесплатно во јуни 2025 година.
🚨 Alphonso Davies has decided to join Real Madrid. He's now waiting for the clubs to reach an agreement on the transfer fee.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 20, 2024
(Source: @diarioas) pic.twitter.com/5JKGZAjBmb