Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски пред Мотор: Проблеми има, влегуваме во жесток ритам – да покажеме дека сме квалитетен тим!

Алушовски пред Мотор: Проблеми има, влегуваме во жесток ритам – да покажеме дека сме квалитетен тим!

Вардар утре го игра натпреварот против Мотор Запорожје од СЕХА лигата.

Екипата на вчера по натпреварото со Нексе се врати во Скопје и го одработува единствениот тренинг пред утрешниот претпоследен дуел од групната фаза на СЕХА лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот Стевче Алушовски очекува неговиот тим да одигра многу подобро од она во Украина.

„Верувам дека против Мотор Запорожје ќе одиграме многу подобро отколку на првиот меч во Украина. Проблемите околу составот на екипата постојано се присутни. Дури утре ќе решиме со кои играчи ќе се спротиставиме на Мотор. Ловро Јотиќ се уште не тренира со екипата, а поради повреда неизвесни се и Патрик Валчак, Димитар Димитриоски, Иван Чупиќ и Борко Ристовски. Од првиот меч против Мотор извлековме доста поуки и се надевам ќе одиграме многу подобро. Сега влегуваме во жесток ритам на играње на четири фронта. Ќе треба да издржиме и да покажеме дека сме квалитетен тим. Очекувам да играме многу подобро“, изјави Алушовски.

Вардар и Мотор играат утре од 20:15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…