Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски за плановите: Санталов доаѓа, Борко останува, со другите ќе се разговара, Митревски е моја желба (ВИДЕО)

Алушовски за плановите: Санталов доаѓа, Борко останува, со другите ќе се разговара, Митревски е моја желба (ВИДЕО)

Вечерва специјализираниот сајт за ракомет „Балкан Хендбол“ објави интервју со тренерот на Вардар Стевче Алушовски.

Алушпвски зборуваше за плановите на Михајло Михајловски кој ќе се врати на чело на Вардар.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Имаше состанок и играчите добија информација за плановите на Михајловски и за буџетот за следната сезона. Тој нема да биде како до сега, па затоа сите ќе имаат можност да размислат. Скубе веќе најави заминување со другите ќе се разговара. Тука се Дисингер, Дибиров, Чупиќ, СтоиловБорко останува сигурно, со нас ќе биде и Мишевски, ќе видиме дали ќе успееме да го доведеме Никола Митревски кој е моја желба и мислам дека се уште не е договорен со Порто. Мојата визија е да изградиме еден македонско-странски тим и клубот да остане респектабилен на евро сцената“.

Постоеа најави дека трансферот на Санталов од Чеховски Медведи може да пропадне, но тоа нема да се случи.

„Договорот со Санталов е постигнат, тој доаѓа кај нас и ќе биде засилување на десната бековска позиција“, изјави Алушовски.

Ќе видиме каков тим ќе склопи Вардар, меѓутоа сега сликата изгледа подобра од онаа која се најавуваше од пред неколку недели.

Целото интервју на Алушовски од 45 минути погледнете го тука:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…