Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски: Жалам што не победивме со поголема разлика

Алушовски: Жалам што не победивме со поголема разлика

Денес Вардар одигра одличен натпревар и славеше против Е.Пелистер со убедливи 35:27 во рамките од третото коло во македонското првенство.

Стратегот на црвено-црните Стевче Алушовски беше презадоволен од победата, но додаде и дека можеле да победат со повеќе гола разлика.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Честитки до Е.Пелистер за коректната борба, ние одигравме одлично во одбраната. Мислам и дека конечниот резултат не е вистински приказ на тоа што се случуваше на теренот. Жалам што не победивме со поголема разлика, сепак ако некој пред мечот ми понудеше победа со осум гола разлика нормално дека ќе ја прифатев. Моите играчи го испочитуваа она што се договоривме до крај, постигнавме 35 гола и мора да сум за задоволен. Ова е голем чекор кон освојувањето на 14. титула во македонското првенство“, изјави Алушовски.

Фото: Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …