Првиот светски тенисер, Шпанецот, Карлос Алкараз призна дека неговиот татко го снимал Новак Ѓоковиќ на тренинзите на Вимблдон.
Алкараз истакна дека неговиот татко е голем љубител на тенисот и ги следи сите мечеви и сите тренинзи на турнирот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Веројатно е точно. Мојот татко е голем љубител на тенисот. Тој не ги гледа само моите мечеви. Мислам дека доаѓа во комплексот во 11 наутро и си заминува во 22:00 часот кога ќе ги изгледа сите мечеви и сите тренинзи“, изјави Алкараз.
Сепак, Алкараз не верува дека таа снимка ќе му донесе предност во евентуалното финале.
„На сите платформи има многу снимки од Ѓоковиќ. Мислам дека тоа нема да биде некоја предност“, смета младиот Шпанец.
Ѓоковиќ претходно се пожали на медиумите поради ваквата ситуација на Вимблдон и порача дека подобро би било кога тенисерите би имале малку повеќе приватност.