Македонија утре го игра баражот за Светското првенство против селекцијата на Италија, фаворити се „Аѕурите“ но македонската репрезентација сигурно дека верува во изненадување.
Пред натпреварот зборуваше и Езгјан Алиоски кој порача дека за да ја елиминираме Италија потребно ни е чудо, но и во фудбалот чуда и се случуваат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Никој не можеше да замисли дека Македонија како мала држава ќе стигне до ова ниво. Ние веруваме во нашиот квалитет, игравме на Европското првенство, а сега сме во бараж за Мундијал. За да ја елиминираме Италија потребно ни е чудо, но ние веќе направивме сензација со победата над Германија во групите“.
Џани самиот себе се посочи како пример дека чуда се случуваат.
„Бев буквално избркан од Јанг Бојс, за потоа од Лугано да направам трансфер во Лидс со кој играв и во Премиер лигата“, изјави Алиоски.
Италија и Македонија баражот за Мундијал го играат утре со почеток од 20:45 часот, а победникот од овој дуел ќе игра за пласман на Мундијал против победникот од второто полуфинале меѓу Португалија и Турција.
Фото: ФФМ