Дома Македонски спорт Алиоски го одигра последниот натпревар за Ал Ахли, навивачите го поздравија со овации 🎥

Алиоски го одигра последниот натпревар за Ал Ахли, навивачите го поздравија со овации 🎥

Репрезентативецот на Македонија, Езгјан Алиоски дефинитивно го напушта Ал Ахли.

Пред неколку дена медиумите во Саудиска Арабија пишуваа дека македонскиот репрезентативец и Ал Ахли ја раскинале соработката. Алиоски сепак вчера одново како и на претходните три натпревари во сезоната беше стартер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Го одигра Џани скоро цел натпревар, заменет беше во судиското продолжение во 97. минута. Во тој момент Алиоски доби овации како „збогум“ од навивачите на саудискиот клуб.

Алиоски игра солидно на почетокот на сезоната, но причината поради која заминува е прекубројниот број на странци. Клубот има девет, а може да регистрира осум, па раководството се одлучи токму него да го „жртвува“.

Засега постојат најави за враќање на Алиоски во Европа, поточно во турски клубови, меѓутоа во игра се и други клубови од Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…