Дома Фудбал Започна Светското клупско првенство: Голманот на Интер Мајами правеше чуда (Видео)

Започна Светското клупско првенство: Голманот на Интер Мајами правеше чуда (Видео)

Вечерва започна Светското клупско првенство во својот нов формат, со натпревар помеѓу Ал Ахли и Интер Мајами.

И двата тима, египетскиот и американскиот, не успеаја да понудат атрактивен фудбал, со меч кој заврши со резултат 0:0.

Најголемата можност за постигнување гол ја имаше домаќинот кон крајот на првото полувреме, кога за Ал Ахли беше досуден пенал.

Сепак, обидот на Трезеге го одбрани аргентинскиот голман Оскар Устари, па дуелот заврши без голови.

Во наредното коло, Интер ќе го пречека Порто, додека Ал Ахли ќе се соочи со Палмејрас.

Фото: Inter Miami/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем не го продава Мики ван де Вен и покрај интересот на Ливерпул

Тотенхем нема намера да го продаде Мики ван де Вен, и покрај шпекулациите дека Ливерпул го…