Дома Фудбал Алегри ја коментираше случката со Таљавенто

Алегри ја коментираше случката со Таљавенто

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри ги предупреди своите фудбалери дека шампионатот се уште не е решен и ги коментираше полемиките кои настанаа после дербито со Интер.

Во медиумите се појавија снимки од разговор помеѓу Алегри и судијата Таљавенто, а тренерот на „старата дама“ тоа го нарече „комедија“.

„Разговорот со Таљавенто? Во Италија живееме за да правиме полемики. Се појавија кадри кои од целата ситуација направија комедија. Целата измината седмица беше една голга комедија“, истакна Алегри.

„Ова е единственото првенство во Европа кое се уште не е решено. Наполи се уште има шанси да го освои Скудетото. Остануваат уште три кола до крајот, и потребни ни се две победи за да бидеме сигурни. Треба да победиме утре протов Болоња за да можеме да се спремаме за финалето од Купот“, заклучи тренерот на „бјанконерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…