Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри ја доби наградата „Златна клупа“, која се доделува на најдобриот тренер во Серија А за претходната сезона.
Минатата сезона Јувентус ја освои дуплата круна и стигна до финалето во Лигата на шампиони. Алегри ја доби наградата пред Гасперини од Аталанта и Маурицио Сари од Напли.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Пред се би сакал да им се заблагодарам на своите играчи кои ме прават среќен. Наградата му ја посветувам на стручниот штаб, кој ми овозможи да бидам овде, но и на раководството кое ми дозволува да седам на така престижно место“, истакна Алегри.
„Им посакувам среќа на сите тренери до крајот на сезоната…Добро, на Маурицио Сари помалку среќа бидејќи Наполи е нашиот конкурент за титулата“, додаде Алегри.
„Старата дама“ моментално е лидер во СеријаА со еден бод повеќе од Наполи, а во ЛШ ќе игра во четвртфиналето против Реал Мадрид.