Дома Фудбал Италија Алегри: Тотенхем? Не е финале од Лигата на шампионите па да мислиме само на нив

Алегри: Тотенхем? Не е финале од Лигата на шампионите па да мислиме само на нив

alegri

Во последните неколку недели на „бјанконерите“ им недостасуваат неколку клучни играчи, но Масимилијано Алегри одбива да го користи тоа како алиби.

Според некои информации, но и изјавата на Алегри би можеле да го видиме Маркизио на теренот.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Постои веројатност дека ќе го видиме Маркизио на теренот. Нема опасност, недостасуваат само Дибала, Квардадо, Матуиди и Ховедес. Помислив дека би можеле да го користиме Асамоа како замена за Матуиди, но Маркизио, Бентакур и Стураро исто така можат да играат на таа позиција. Даглас Коста? Спремен е, но мислам дека утре нема да стартува“, изјави Алегри.

Потоа новинарите му поставија прашање за натпреварот против Тотенхем во Лигата на шампионите.

„Сега мислиме само на Фиорентина, одиме натпревар по натпревар. Натпреварот со Тотенхем не е финале во Лигата на шампионите, па да размислуваме само за таа средба“, одговори италијанскиот стручњак.

Потоа Алегри го прокоментира најголемио ривал оваа сезона.

Наполи? Бројките ни кажуваат дека се одлични и дека постои големо ривалство помеѓу нав и нив. Лидери се благодарение на одличниот Сари, на крајот најдобриот тим ќе го освои првенството. Мораме да продолжиме да се бориме. Доколку успееме и седми пат во низа да станеме шампиони на Италија тоа ќе биде нешто неверојатно“, заврши Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нови проблеми за Анчелоти: Се повреди Мбапе

РЕАЛ МАДРИД ја прекина серијата од два порази во Лигата на шампионите со победата од 2:3 н…