Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри: Реал е фаворит поради тоа ако ги елиминираме ќе бидеме двојно посреќни

Алегри: Реал е фаворит поради тоа ако ги елиминираме ќе бидеме двојно посреќни

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го прокоментира ждребот за ¼ финалето во Лигата на шампионите.

„Старата дама“ во реприза од минатогодишното финале силите ќе ги одмери со Реал Мадрид и Алегри знае дека тоа ќе биде исклучително тежок натпревар за неговиот тим.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Реал Мадрид? Ова ќе бидат два одлични натпревари. Доколку имаме среќа, секако и со добра игра можеме да поминеме. Мораме да бидеме горди што сме помеѓу осумте најдобри во Европа. Се припремаме за вакви натпревари, минатата година во оваа фаза ја елиминиравме Барселона, па можеме сега истото да го направиме и со Реал“.

„Како што кажав пред три дена, Реал е фавоирт за Лигата на шампионите и ако ги елиминираме поради тоа ќе бидеме двојно посреќни“, изјави Алегри.

Да потсетиме, во минатогодишното финале во Лигата на шампионите во Кардиф Реал го победи Јувентус со 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…