Дома Фудбал Италија Алегри: Против Емполи секогаш е тешко да се игра

Алегри: Против Емполи секогаш е тешко да се игра

Tимот на Јувентус викендов го очекува нов предизвик во Серија А против Емполи, а главната цел сезонава за „старата дама“ е обезбедување место во топ 4.

Јувентус има проблеми со повредени играчи, па Алегри е свесен дека нема да им биде лесно да дојдат до трите бода против екипата која во Торино ги победи со 1:0.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова е натпревар на кој мораме да победиме. Сепак, изгубивме од нив и никогаш не е лесно да се игра со Емполи. Потребно е да бидеме на високо ниво, Емполи има тројца офанзивни играчи и можат да направат проблем на секого. Освен тоа немаа притисок на табелата, а ние знаеме дека мораме да победиме“.

Свесен е дека Скудетото е тешка, скоро невозможна мисија за Јувентус.

„Играме на сите фронтови на победа, се надеваме и на Скудето иако знаеме дека е тешко, всушност невозможно. Во овој момент ние не сме во трка за титулата. Мислам дека за да се освои титулата потребни се најмалку 85 бода, а ние до нив не можеме да дојдеме. Меѓутоа тука е полуфиналето на Купот на Италија и мечот со Виљареал во ЛШ, се уште имаме шанси да имаме добра сезона“, изјави Алегри.

Во овој момент Јувентус има девет бода помалку од лидерот Милан, а до крајот на сезоната има уште 12 кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пред две години играше во втора лига, а вчера беше херој на својот тим во полуфинале од ЛШ

Борусија Дортмунд вчера го победи Пари Сен Жермен во првиот натпревар од двомечот во полуф…