Jувентус вчера изненадувачки беше поразен од Макаби Хаифа во Лигата на шампионите со 2:0 и така се стави во многу тешка позиција за продолжување во нокаут фазата од најелитното европско натпреварување.
Најголем дел од навивачите очекуваа после овој пораз тренерот Масимилијано Алегри да заработи отказ, но првиот човек на клубот Андреа Ањели веднаш по натпреварот изјави дека отказ за Алегри не е нешто што се разгледува и тој сигурно останува на клупата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Алегри смета дека проблемот на Јувентус не е во тактиката.
„Тешко е да се објасни, можеме само да молчиме. Мораме да се издигнеме од оваа ситуација и да работиме. Утре (денес) се враќаме во Торино и ги започнуваме припремите за дерби натпреварот. Не е проблемот во тактиката, на тимот му недостасува страст. Играме премногу индивидуалано, мораме да почнеме да играме како тим“, изјави Алегри.
Јувентус за викендот го чека градското дерби против Торино и со оглед на тоа во каква форма игра „старата дама“ тоа нема да биде лесен натпревар.