Тренерот на Јувентус, Макс Алегри потврди дека Арон Рамзи повеќе не е дел од тимот и дека ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Веќе подолго време се шпекулира со заминување на Велшанецот кој не е во плановите на тренерот Алегри.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Рамзи е еден од најплатените фудбалери во тимот, па Јувентус сака да се ослободи од него што е можно побрзо.
„Арон не е со тимот, тој ќе замине од клубот“, потврди Алегри.
Не е познато каде Рамзи ќе ја продолжи кариерата, но готово сигурно ќе се врати во Премиер лигата каде неколку клуба покажуваат интерес за него.