Тренерот на Јувентус, Макс Алегри денес имаше состанок со раководоството на клубот на кој се зборуваше за неговата иднина.
Иако во последните неколку месеци се тврдеше дека двете страни ќе се разделат на крајот на сезоната, сепак Алегри сигурно останува во Торино до крајот на договорот, односно до 2020 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алегри денес со раководството веќе правел планови за следната сезона, односно за засилувањата и промените кои треба да ги направи клубот во летниот преоден рок.
Во изминатите денови до Алегри пристигнале неколку понуди од Премиер лигата, но Италијанецот одлучил да остане во Јувентус и да се обиде следната сезона да стигне до титулата во Лига на шампиони.