Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри најави дека ќе остане во клубот и наредната сезона.
Седум години во низа тимот од Торино ја освојува титулата во Серија А, а последните четири години ја освојува дуплата круна. Тимот од Торино под водство на Алегри делува незапирливо за останатите клубови, но прашање е дали сака да остане, бидејќи се поврзуваше со Челси, Арсенал и уште неколку тимови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако не ме отпуштат, ќе останам и наредната сезона во Јувентус.“ – рече Алегри и додаде:
„Кога ќе завршиме со славјето, мора да седнеме на маса со бистри глави. Мора да ја испланираме иднината. Од идната сезона се започнува од нула, сите се конкуренти.“
Алегри го прокоментира и вчерашното реми на Олимпико против Рома (0:0).
„Среќен сум што го завршивме ова поглавје и можеме да одмориме. Беше тешко, морам да го пофалам Наполи, не се откажаа од титулата до последниот ден.“