Изгледа дека работите се решение, јасно е што е желбата на тренерот, но и луѓето околу него.
Масимилијано Алегри го одби Челзи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според пишувањето на италијанските медиуми, Алегри не е заинтересиран за понудата бидејќи „сините“ нема да играат во Лигата на шампионите.
Во Јувентус се спремни за трпение и за подмладување на екипата кое од нив го побарал самиот стратег.
Она што е сигурно е што Јувентус уште десетина ќе ја почека одлуката на Емре Чан кој сега наводно има понуди и од Сити и Реал, алтернативи се Пелегрини од Рома и Кристанте.
Алегри целосно ќе ја редефинира одбраната, Калдара и Спинацола, заедно со искусниот Дармијан пристигнуваат во Торино, а повеќе нема сомневање и дека Алекс Сандро е на продажба за сума од 60 милиони евра.
Дибала не е на продажба, тоа го побарал Алегри, верува дека може да го подигне „Ла Хоја“ и од него да извлече најдоброто.
Договорот на Јувентус со Алегри има важност до 2020 година, спремен е да го продолжи бидејќи му е ветено дека клубот ќе има трпение да создаде комплетно нов тим.
Во секој случај, без оглед на исходот на сезоната, Јуве ќе отвори ново поглавје, со истите луѓе на чело на клубот, но и нова екипа, односно започнува со подмладување.