Јувентус вчера одигра 2:2 против Салернитана, „старата дама“ иако губеше со 0:2 можеше и да победи на овој натпревар. ВАР во судиското продолжение контроверзно поништи гол кој веројатно беше регуларен (ТУКА).




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Судиите проценија дека Бонучи бил во недозволена позиција откако Милик играше со глава, меѓутоа Алегри на прес-конференцијата порача да се види каде стои Кандрева во близина на корнерот. Кога ќе се види позицијата на Кандрева, тогаш е јасно дека и Бонучи не е во офсајд.




„Не сакам да зборувам за судиите после натпреварот. Нас ни беше поништен гол и тоа е факт од кој не се бега. Се што ќе кажам е да се погледне видеото каде што се гледа каде е Кандрева. Никој на судиите на теренот не им го покажа тоа видео, не знам што да кажам“, изјави Алегри.




Aлегри поради реакциите по овој поништен гол во финишот заработи црвен картон.




