Дома Фудбал Италија Алегри: Дали се гледам во Јуве наредната сезона? Се гледам во наредните три!

Алегри: Дали се гледам во Јуве наредната сезона? Се гледам во наредните три!

Mинатото лето Масимилијано Алегри се врати во Јувентус иако имаше и понуда од Реал Мадрид.

Се шпекулираше дека Алегри ќе се одлучи за предизвик надвор од Италија, но тој иако пред себе имаше понуда од „кралевите“ донесе одлука повторно да работи во Торино. Првиот дел од сезоната воопшто не беше добар, Јувентус стартуваше лошо, но подоцнапочнаа работите да се подобруваат.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Беа елиминирани од Лигата на шампионите во осминафиналето, меѓутоа тимот вчера обезбеди финале во Купот е и блиску до обезбедување место во топ 4, па на некој начин сезоната би била спасена.

Сега новинарите го запрашаа дали се гледа себе во Јувентус и во наредната сезона, а неговиот одговор беше јасен.

„Се гледам ли себе во Јувентус наредната сезона? Се гледам и во следните три! Јувентус мора секогаш да победува, ме лути тоа што го загубивме двомечот со Интер, така се решаваат титули. Исто така ме лути што не сме во борба за титулата оваа сезона, сепак треба да извлечеме лекции и подобро да бидеме спремни за наредната сезона“, порача Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…