Дома Фудбал Алегри го чека Манчестер Јунајтед

Алегри го чека Манчестер Јунајтед

Бившиот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри не брза да започне работа во нов клуб бидејќи чека можност да седне на кормилото на Манчестер Јунајтед.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунер Солскјер е под голем притисок оваа сезона и после секоја негатива серија се шпекулира со негов отказ. Јунајтед запиша само две победи на последните шест меча, па медиумите повторно ја актуелизираа темата за отказ на Норвежанецот.

Тешкиот распоред во следниот период, како и проблемот со многу повреди можат дополнително да ја искомплицираат позицијата на Солскјер на „Олд Трафорд“.

Медиумите тврдат дека тоа е причината Макс Алегри да ги одбие сите понуди кои ги доби до сега, бидејќи чека повик од Манчестер Јунајтед, кој е негов прв избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани влегува во игра за врвот на ФИГЦ, Малаго брои 13 сојузници

Дел од клубовите во Серија А го разгледуваат Адријано Галијани како кандидат за прв човек …