Дома Фудбал Останато Алегри го одбил Арсенал, веќе има договор со…

Алегри го одбил Арсенал, веќе има договор со…

Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилиано Алегри после една година одмор е спремен да му се врати на фудбалот.

Алегри минатото лето спогодбено го раскина договорот со Јувентус и одби многу побуди бидејќи сакаше да се одмори една година, но сега е спремен да се врати.

Италијанските медиуми тврдат дека стигнала понуда од Пари Сент Жермен. Спортскиот директор Леонардо сака да го донесе Италијанецот во Париз бидејќи не е задоволен од работата на Томас Тухел.

На Тухел му завршува договорот на крајот на сезоната, а во зависност од резултатите може да биде заменет и претходно.

Италијанските медиуми тврдат дека Алегри ја одбил понудата на Арсенал, бидејќи веќе има договор со ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историска победа за Комо, убедливи триумфи на Јунајтед и Баерн, и неверојатен пресврт на Ланс

Вечерта низ Европа беше динамична со четири натпревари од првото коло на групната фаза на …