Јувентус во италијанската Серија А има предност од шест бодови и многумина сметаат дека шампионската титулата и оваа сезона веќе е обезбедена.
До крајот на сезоната има уште шест кола и поголемиот дел од фудбалската јавност не верува дека Јувентус ќе си дозволи да ја испушти предноста, но Масимилијано Алегри предупредува дека ништо не е решено.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Јувентус во овој момент има 84 бодови и во некоја друга сезона веќе би биле шампиони. Тоа не е случај во оваа. Наполи се уште има шанси. Нормално е да чуствуваат поголем притисок бидејќи Скудетото е нивната единствена цел“.
„Нема да правиме никакви калкулации. До крајот имаме уште шест натпревари и она што мораме да го направиме е да победиме на четири“, изјави Алегри.
Јувентус утре го игра својот натпревар од италијанското првенство против тимот на Кротоне.