Јувентус вечерва во рамките на 6-то коло во Серија А ќе ја пречека Болоња во прилично изменет состав.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на „бјанконерите“, Алегри реши да „калкулира“ и да им даде одмор на неколкумина првотимци. Италијанските медиуми тврдат дека тренерот вечерва ќе промени дури седум фудбалери од тимот.
Одмор ќе добијат Шчешни, Пјаниќ, Киелини, Сандро, Кансело, Кедира и Манџукиќ, меѓутоа во тимот сигурно ќе биде првата ѕвезда Кристиано Роналдо.
„Бјанконерите“ имаат згуснат распоред во следната недела, па поради тоа Алегри реши да направи измени во тимот.
Јувентус веќе во сабота има многу тежок меч и на свој стадион го пречекува најголемиот ривал, тимот на Наполи.