Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри: Ајакс среќно стигна таму каде што е сега

Алегри: Ајакс среќно стигна таму каде што е сега

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри тврди дека Ајакс има среќа во Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ајакс оваа сезона го воодушеви фудбалскиот свет исфрлувајќи ги Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шампионите, а на добар пат се и да го елиминираат Тотенхем бидејќи во првиот натпревар во Лондон славеа со 1:0.

Иако Ајакс добива признанија од целиот фудбалски свет за играта која ја прикажува оваа сезона, Алегри смета дека до овој успех холандскиот тим стигнал со многу среќа.

„Го примивме првиот гол после 37 минутуи и го постигнаа буквално од никаде. Чуствувавме поголем страв од пораз на полувремето отколку што требаше. Тоа беше тешко да се објасни“.

„Ајакс играше против нас кога ни недостигаа пет играчи, а против Тотенхем играа кога овој тим не можеше да смета на две ѕвезди во нападот, додека Реал го победија кога беше во голема криза. Ајакс е добар тим, но за да стигне до таму каде што е сега имаше и многу среќа“, порача Алегри.

Го коментираше потоа и поразот на Ливерпул од Барселона со 3:0.

„Тоа е многу едноставно, Ливерпул имаше три големи прилики да постигне гол, Барселона имаше четири и постигнаа три гола. Зошто? Затоа што нивните играчи се на повисоко ниво и направија разлика во клучните ситуации“, објасни италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лудо: ФИФА дополнително ги зголеми цените на билетите, сега се продаваат и по 33.000 долари!

ФИФА ја зголеми цената на најскапите билети за финалниот натпревар на Светското првенство …